Адвокатот со повеќегодишно искуство пред Хашкиот трибунал, Горан Микуличиќ изјавил дека шишенцето со отров многу лесно можело да се внесе во судницата.
Како што вели, постојат контроли пред влез во судницата, но истите не се детални за да може да се открие шишенцето.
-Нема детален преглед на целото тело, особено кога на тоа не упатуваат никакви индиции дека треба да ги има, вели адвокатот.
Како што се наведува, Праљак на пример без никакви проблеми можел шишенцето со отров да го внесе во своите чевли.
На прашањето кој би можел во затворот да му го даде отровот, Микуличиќ вели дека секој затвореник има право на посета од роднините, пријателите, адвокатот и новинари, но дека во притворот никој освен адвокатот не смее да влезе со чанта.
-Ако станува збор за ваква супстанца, истата многу лесно може да ја донесе било кој, доколку се работи за предмет кој не реагира на рентген. Ако навистина се работи за отров, тоа е невозможно да се открие, вели адвокатот.