Шокантно: Колку луѓе загинаа во Сирија?


За време на петгодишната војна во Сирија загинаа 216.700 луѓе од кои 180.455 цивили, се наведува во извештајот на Сириски центар за мониторинг на за човекови права (СНХР).

Во извештајот се посочува дека сириската армија убила 207.384 борци на сириската опозиција и цивили. Од 178.491 загинати цивили 18.437 се деца и 18.627 жени, а 11.491 луѓе починале во затворите од тортура. Во борбите загинале 28.893 припадници на сириската опозиција.sirija napad,jpg

Организацијата со седиште во Лондон истакнува дека во воздушните и копнените напади врз позиции на сириската опозиција оштетени се 2,9 милиони објекти од кои 327 болници, 2.091 џамии, 41 цркви, повеќе десетици училишта, а 920.000 станбени објекти целосно се уништени.

Во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД за борба протов ИД загинале 233 цивили од кои 71 дете, три жени и три војници на  сириската опозиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1