Сообраќајна несреќа кај Струга жена го загуби животот


Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 21 часот на магистралниот пат Охрид – Струга, кај селото Мислешево, јави OhridNews.nesrekja soobrakjajka policija pat

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, автобус удрил жена која се движела по магистралата. Од силината на ударот жената, чиј идентитет не е соопштен, починала на лице место.

Истрагата треба да ги утврди околностите под кои се случила несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1