Шокантно: Познат холивудски актер призна дека е педофил (Видео)


Како што пренесува TMZ, сопругата на Колинс, Фаје Грант со која се наоѓаат во процедура на развод, на полицијата предала снимки на кои актерот признава дека сексуално злоупотребувал деца.

Колинс не само што признал што направил, туку и го опишал чинот во детали. Неговото признание било снимено во 2012-та година за време на сесија кај психолог. Адвокатот на Грант ја советувал да ја сними сесијата, што е дозволено во Калифорнија, доколку се сомневате дека лицето извршило тешко кривично дело, а сексуалното малтретирање на деца под 14 години спаѓа во таа рамка.

stiven kolins2

Колинс на снимката меѓу другото го опишува сексуалниот контакт со 11 годишно девојче од Њујорк. Случаите што Колинс ги спомнува опфаќаат контакт со деца од 11 до 13 годишна возраст.

,,Ја земав за раката и ја ставив на мојот пенис, но немав ерекција. Барем не целосна,, се обидувал да се оправда актерот пред неговата запрепастена сопруга.

Полицијата веднаш започна истрага против актерот, а според официјални извори станува збор за најмалку три жртви, од кои едното девојче е роднина на првата жена на Колинс.

Поради скандалот, Колинс доби отказ од филмот Ted 2, а синоќа полицијата пристигна во неговиот дом откако соседите пријавиле пукање. Сомнежите дека тој извршил самоубиство се покажаа како неточни, затоа што актерот не бил дома кога се случило пукањето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1