Шокантно видео: Исламистот кој нападна во Турција е малолетно дете


Атентаторот кој изврши смртоносен терористички напад за време на свадба во југоисточната турска провинција Газиантеп, бил на возраст меѓу 12 година и 14 година, изјави шефот на државата на земјата Реџеп Тајип Ердоган, пишува весникот “Дејли Сабах”.turcija-svadba-napad-2-640x360

Говорејќи пред новинарите во метропола Истанбул, Ердоган истакна дека првичните податоци покажуваат трага на блискоисточната радикална група “Исламска држава” во еден брутален напад на момчето.

При нападот на свадбарите ноќеска загинаа 50 лица. Околу 100 се повредени. Се соопштува дека состојбата на 17 од повредените е критична. По нападот властите соопштија дека станува збор за самоубиствен напад, а шефот на државата Реџеп Ердоган посочи како веројатен виновник е терористичката група Исламска држава.

Подоцна АФП соопшти, повикувајќи се на обвинителството во градот, каде што беше извршен нападот, дека се откриени остатоци, за кои се претпоставува дека се од појас со експлозиви на терорист камикази.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1