Нови снимки на Дерек Медина, познат како “убиец од Фејсбук”, кој пред еден месец ја убил својата сопруга Џенифер Алфонсо и стави слика од нејзиното тело на неговиот фејсбук профил, се појавија на интернет.
на снимката може да се види дека тој има пиштол во рака додека влегува во кујната каде било извршено злосторствато.
Медина (31) по расправија со неговата сопруга, го зеде својот пиштол и ја убии во нивниот дом во Јужен Мајами.
По злосторството, Медина дури и го фотографирал телото на 26-годишниот Џенифер Алфонсо и ја стави слика на фејсбук профилот со порака дека ќе оди во затвор и така стана познат како “убиец од Фејсбук.”
Кратко време по убиството, и пораката на Фејсбук, Медина се предаде на полицијата, а пет часа подоцна неговиот пост на неговиот профил, е отстранет.
Медина и кажал на полицијата дека трпел физичко насилство од неговата сопруга и дека тој дејствувал во самоодбрана.