Откако демонстрантите во Киев го нападнаа седиштето на претседателот Јанукович и сакаат со булдожер да поминат преку полицискиот кордон, полицијата возврати со голема сила и брзина, удирајќи по сите кои се најдоа под полициските палки.
За да се растераат демонстрантите беа употребени и солзавци, а меѓу многумината повредени се наоѓаат и неколку новинари.