Во индискиот град Бекалу се случи страшна несреќа при отворање на нов стадион.
Во моментот на несреќата, публиката ја забавувало босоного момче со фудбалска топка, а по рушењето на трибината, на стадионот настанал целосен хаос.
Според полициските извештаи, трибината била направена од скелиња и штици, а темелите биле ставени во каллива земја.
Повеќе од 100 луѓе се повредени и пренесени во болница, а неколкумина се во критична состојба. Полицијата поднела кривична постапка против организаторите и одговорните за изградба на стадионот и загрозување на животите на луѓето.