Српскиот министер за енергетика, Александар Антиќ, доживеал вистинска трагедија додека го обиколувал теренот во Мајданпек.
Во еден момент застанал да им даде изјава на новинарите, и додека зборувал, големо пачре мраз завршило во неговата глава.
За среќа минал без повреди бидејќи носел заштитен шлем.
Српските медиуми објавуваат дека министерот Антиќ е во добра состојба по несреќата и дека ако не го носел заштитниот шлем парчето мраз можело да го убие, а во најмала рака да му нанесе тешки повреди на главата.