Шон Пен ја силувал Мадона, Шарлиз Терон гледала како мајка и го убива татко ѝ


Иако имаат остварено феноменални актерски кариери, минатото на овие ѕвезди има мрачни настани кои ги обележале за цел живот, а секако не по добро…slavni

Таткото на Вуди Харлсон бил платен убиец

– Имав 11 или 12 години кога на радио го слушнав татко ми. Во кола ја чекав помошничката на мајка ми, која секој ден ме собираше од училиште. Зборуваа за Чарлс Харлсон и за некакво судење за убиство. Си помислив дека е невозможно да постојат двајца Чарлса Харлсона. Тоа беше татко ми, објаснил Харлсон за Гаријан во 2012 година.slavni1

Пет години претходно неговиот татко умрел во затвор. Чарлс Харлсон во 1973 бил осуден на 15 години затвор поради убиството на Сем Дегли, трговец со жито. По пет години бил пуштен поради примерно однесување. Во 1981 бил осуден е на две доживотни казни поради убиство на судијата Џон Вуд. Тоа е првото убиство на судија во САД во 20 век. Претходно, неколкупати Харлсон тврдел дека го убил и Кенеди.

Шарлиз Терон гледала додека мајка ѝ го убивала татко ѝ

Детството на прекрасната Шарлиз било полно со тешки трауми. Со мајка си, Герда Мариц, живееле со татко кој постојано ги злоупотребувал. Кога имала 15 години таа присуствувала на тепачката во која мајка ѝ го застрелала татко ѝ во самоодбрана.sarliz-teron-decko

Таа вечер Чарлс Терон дошол дома многу пијан. Ја зел пушката и почнал да пука по улица и по дома и да им се заканува на Шарлиз и на мајка ѝ дека ќе ги убие. За несреќа (за кого како), мајка ѝ ги зела работите во свои раце.

– Мајка ми е неверојатна. Знам дека секое дете ќе го каже тоа за својата мајка, но таа е единствена. Неколку пати буквално ми го спасила животот, раскажала Шарлиз години подоцна.
За стравотниот инцидент Шарлиз јавно проговорела неколку пати, во интервјуата кај Опра и кај Пирс Морган.

Метју Бродерик во сообраќајна незгода убил мајка и ќерка

На годишен одмор во август 1987 година познатиот актер бил во Северна Ирска со тогашната девојка Џенифер Греј. Незгодата се случила кога неговото БМВ завршило во спротивната лента, а во судирот загинале двете лица кои биле во автомобилот кој доаѓал од спротивната страна. На самото место трагично завршиле Маргарет Доерти (63) и нејзината ќерка Ана (28).metju broderik

Бродерик завршил со неколку тешки повреди, а подоцна тврдел дека не се сеќавал како дошло до несреќата. Прво е осуден на пет години затвор, но на крајот бил обвинет за безобразно возење и на само 175 долари казна. Никогаш не поминал ни ден во затвор.

Шон Пен ја силувал и ја претепал Мадона

Славниот актер, кој периодов е во врска токму со Шарлиз Терон, 1985 година бил во брак со Мадона. Во првите денови од бракот таа за него изјавувал дека е „најјака фаца на цел свет“, но подоцна, сигурни сме, драстично го сменила мислењето.son pen madona

Во средината на осумдесеттите Пен беше славен по физичките напади на папараците. Пукал на нив, ги мавал со камења, им ја кршел опремата, а еден и ќе го фрлел од балкон. За жал, ништо подобро не помина и Мадона. Кога начул за наводната афера со Ворен Бјути, Пен се напил, влегол во домот на Мадона, ја врзал за масичка и девет часа ја малтретирал и психички и физички.

Подоцна Мадона признала дека Пен ја силувал, но ја отфрлила тужбата против него за да не генерира дополнително медиумско внимание.

Марк Веберг бил закоравен расист и насилник

Велберг, односно Марки Марк, денеска е едно од најомилените холивудски лица. Пред да стане омилено лице раперот бил модел за долна облека и хулиган. На 13 години станал зависник од кокаин, а во целиот живот е апсен дваесетина пати. На 16 години претепал Виетнамец, а наводно на еден и му извадил око. Но, жртвата подоцна признала дека на тоа око ослепела уште во Виетнамската војна.

slavni5
Иако бил осуден за обид за убиство, Марк во затвор поминал само 45 дена. Неколку години подоцна на еден човек му ја скршил вилицата, исто така од расистички побуди. Во подоцнежните интервјуа неколку пати се осврнал на своето минато и покажал каење за тоа што повредил многу луѓе.

Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1