Шпанските здравствени власти во денеска објавија дека биле откриени повеќе од 1.500 нови случаи на инфекција со коронавирус во земјата во изминатите 24 часа.
Со ваквата бројка , Шпанија заедно со Италија, стана новата големо европско жариште на Ковид-19.
Досега се идентификувани повеќе од 5.800 случаи, а 135 лица починале.
Во тек е итен состанок на шпанската влада за да се разговара за прогласување на вонредна состојба, што би било втор пат во поновата историја на земјата.