Шпански репрезентативец си најде девојка од Македонија


Соиграчот на Кире Лазаров од екипата на Нант, Едуардо Гурбиндо е на пат да стане македонски зет, а паузата за време на летото ја користи максимално.

На својот инстаграм профил објави фотографии со неговата девојка Елена, а дека се во голема љубов веќе е одлично познато меѓу оние кои се вљубеници во ракометот.

Секако интересно е да се види како го поминуваат летото, а самиот Гурбиндо објави фотографии од кои се гледа дека ги освојуваат плажите одморајќи се од напорната сезона и подготвувајќи се за новата.

Неговиот Нант во август можно е да игра на Светското клупско првенство во ракомет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1