Шпанските скали на плоштадот Македонија станаа зграда


Шпанските скали кои требаа да се градат на плоштадот во Скопје станаа зграда. Како што јавува весникот Вест, на првиот оглас не се јавила ниту една фирма за изградба на ска­ли­те, кои требаше да бидат лоцирани на прос­то­рот меѓу ТЦ “Сити галери” и ресторанот “Пелистер”.

spanski skali– “За да се зголеми интересот кај фирмите, изработивме нов проект, кој сме­та­ме дека ќе предизвика поголем интерес”, изјавуваат од министерството за транспорт и врски за весникот Вест.

Предвидено е зградата која ќе се гради на овој простор да да има приземје и три ката, а ќе се простира на 1.046 квадратни метри.

Почетната цена на јавното наддавање е 6000 де­на­ри за квадратен метар.

Инаку, претходно на овој простор требаше да се гради црквата “Свети Константин и Еле­на” но поради притисоците просторот се додели на Народната банка, за изградба на новиот објект.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1