Шпигел: Германското разузнавање користело бегалци како информатори


Во периодот 2000-2013 година германското разузнавање за собирање информации користело околу 850 лица со бегалски статус, пишува неделникот „Шпигел“, кој се повикува на одговор, добиен од Бундестагот на прашање на пратеници од партијата „Левите“.migranti-germanija1

Вистинитоста на информациите собирани на таков начин е спорна, бидејќи на бегалците често пати им се ветува статус, кој не би го добиле без да соработуваат со тајните служби, се вели во написот.

– Одделот за работа со бегалците во разузнавањето во 2014 година бил затворен, но кандидатите за азил можат и сега да бидат користени како информатори, но сега на доброволна основа, пишува неделникот.

Партијата „Левите“ ја искритикува таа пракса. – Тоа што тајните служби постојано вршат притисок врз бегалците е срамно, изјави пратеничката Мартија Ренер.

Според федералната статистичка служба во периодот 2000-2013 година во Германија барања за азил поднеле околу 910 илјади лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1