Штедачите во Љубљанска и Инвест банка од екс ЈУ ќе си ги добијат парите назад


Поврат на заштедата од сметките во Љубљанска и Инвест банка. Ако сте меѓу оние кои имаат заробени средства од времето на поранешна Југославија, ќе може да си ги вратите парите. Судот во Стразбур ја прифати тужбата поднесена од тројца штедачи од БиХ и им наложи на властите во Белград и Љубљана да се раздолжат.

ZASTEDAЗастапникот на Македнија во европскиот суд за човекови права, посочува дека поврат на средствата ќе можат да бараат, и оние кои досега не биле обештетени од државата. Во процесот токму постапката која ја направи Македонија била посочена како пример за останатите држави од Југославија. Судот заклучил дека одлуката за обештетување, преку државни обврзници направена во 2001та била позитивна мерка. Македонија на овој начин има вратено над 150 илјади евра од зарбените пари на македонски државјани.  Средства вложени за поврат на штедните влогови, државата ќе има можност да ги бара при распределбата на заедничкиот имот од Југославија.

Словенија и Србија, чиј банки не ги вратиле парите на штедачите имаат рок од една година да го изменат своето законодавство. Ако за една година не најдат начин на кои ќе ги вратат парите, тогаш судот ќе постапи и по останатите 8.000 тужби од штедачи доставени до нив и ќе има наложи дополнителна исплата на обештетување. Поценките се дека двете банки  треба да варатат над милијарда евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1