Канаѓанец со потекло од Етиопија својот роденден одлучил да го прослави славејќи ја жената која му подарила живот.
Имено, тој и покрај тоа што не заработува повеќе од 30. 000 долари годишно, успеал да штеди пари се додека не ја постигнал својата цел : собрал доволно за да и го отплати кредитот на својата мајка.
Потоа ја вклучил камерата и го снимил моментот во кој и го предава чекот. Под видеото напишал : “Последните две ипол години штедев пари за да направам нешто за една многу посебна жена во мојот живот. Знам дека многу од моите пријатели сакаа да излезам со нив и да се забавуваме, но мене ова ми е многу поважно од било каква прослава.”