Штедливи светилки ама не се и здрави – еве како и штетат на кожата


Во голема мера со унапредувањето на технологијата добиваме поквалитетен живот. Но, не секогаш мора да важи ова правило.

slike-tehnologija-1-eko_sijalice_417262452Една германска студија покажала дека компактните флуоресцентни светла, можат да предизвикаат рак од емитувањето на хемикалиите, како што се фенол, нафталин, стирен.

Инспирирани од ваквите наоди, истражувачите од Стони Брук Универзитетот во Њујорк објавија студија за ефектите на UV радијацијата, од CFL светилките, кои можат да ги имаат на клетките од човечката кожа.

Од сумираните наоди се покажало дека ваквото зрачење може да навлезе длабоко во ткивото на кожата. Последиците можат да бидат видливи за краток период од, преку настанатите брчки, па се до можноста да добиете рак на кожата. Ваквите клетки се нарекуваат кератиноцити и тоа се истите клетки кои што истражувачот Стони Брук ги открил од радијацијата на CFL светилките.

Сега се поставува прашањето кој е одговорен за ваквите енергетски ефикасни светилки? Во 2006 и 2007 година на американската Конференција на Владините иднустриски хигиенисти (ACGIH), го измериле базното ниво на зрачење на CFL светилките. ACGIH е целосно невладина организација составена од водечки професионалци хигиенисти.

Uticaj-stedljivih-sijalica-na-ljude-e1347364719142-500x429Овие нивоа потоа биле разгледани од страна на IESNA, уште еден член основан од организација составена од индустријата за осветлувачки производители и работодавци.

Нивниот претседател Чип Израел, сопственик на Дизајн Алијансата за осветлување, поседува фирми и канцеларии кои се стационирани во Чикаго, Лос Анџелес, Форт Колинс и Дубаи.

Тогаш IESNA ги постави стандардите за прифатливо ниво на зрачење на емисиите од сите извори на светлина. Доколку некои од светилките ги надминат ваквите нивоа, потребно е на самиот производ да се постави предупредување. Но, не постои никаква одговороност.

Ова особено е вознемирувачки поради тоа што веќе во голем дел од земјите се отфрлаат традиционалните светилки и истите се заменуваат со нови, во голем дел и со CFL светилките кои што можат да заштедат до 25 % енергија.

За да се заштитиме од ваквите светилки, истражувачите препорачуваат да се дистанцираме најмалку два метри од нив во секое време. Поголем број на филтри помеѓу една личност и сијалица, како на пример стакло или сенка, исто така може да го намали зрачењето на вашата кожа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1