Штип: Ем домазет, ем ја избркал сопругата од дома


Штипската телевизија „ТВ СТАР“ вчера ја објави тажната приказна за М. Г.  и нејзината ќерка В.Г. од Штип кои го живеат својот тригодишен пекол.

soprug-508x400Иако домазет, сопругот својата сопруга пред 5 години ја оставил и ја сместил да живее во мала приземна просторија.

Иако не живееле заедно, тој многу често бил насилен кон неа, а пријавите во полиција воопшто не ѝ помогнале, вели М. Г. Тој немал милост ниту за  нивната заедничка ќерка.

В. Г. за штипската телевизија изјавила дека таа била 2-3 пати тепана од нејзиниот татко, а дека подебелиот крај секогаш го извлекувала нејзината мајка. Поради ова, мајката и ќерката биле принудени да се иселат.

Сега, мајката и ќерката бараат да се вратат во нивната куќа, но таму веќе состојбата е уште покомплицирана. Имено, нејзиниот некогашен сопруг со оженил по втор пат со новата жена, која ја довел во куќата на М. Г.

Како овој случај ќе се реши е неизвесно, затоа што можни се инциденти со сериозни последици бидејки и мајката и ќерката тврдат дека секојдневно домазетот е поагресивен.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1