Дваесет и пет годишниот Д.Д. од Штип вчера преживеал вистински хорор во семејната куќа. Неговиот татко, 48-годишниот С.Д. се обидел да го нападне попладнето околу 18 часот со нож, откако почнале да се расправаат.
Семејниот инцидент се случил најпрво во куќата кога по расправија, таткото земал ножи почнал да го брка синот кој успеал да избега. Потоа таткото се вратил во куќата, го запалил троседот, скршил шише и се расекол со ножот кој го имал. Синот кој подоцна се вратил во куќата околу 21:15 часот пријавил во полиција дека неговиот татко запалил две фотелји во дворот од семејната куќа, пуштал гласна музика и викал.
Штипјанецот видно под дејство на алкохол се оглушил на наредбите на полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот. Тој имал 2,66 промили алкохол во крвта.