Штип има нов полициски шериф


СВР Штип од денеска има нов началник. Јордан Ламановски доаѓа на местото на Момчило Сталетиќ, кој како в.д началник беше поставен а 9. април минатата година, по разрешувањето на Ѕвонко Каширски.

stip policijaСталетиќ требаше да воведе ред во СВР Штип, откако акцијата „Детонатор“ го стресе градот и донесе разрешувања на десетина полициски службеници и началникот Каширски.

Огласот за нов началник на штипскиот сектор за внатрешни работи беше распишан на 29 април, а заврши на 7. мај. Според неофицијалните информации, шест лица се пријавиле за да седнат во началничката фотелја.

За утре се најавени повеќе информации за оваа кадровска одлука.

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1