Двајца пациенти, едниот на возраст од 35 години од Берово, а другиот 38 годишен од Штип, починаа во текот на вчерашниот ден на инфективното одделение.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2020/10/virus-korona-test.jpg)
Портпаролот на штипската Клиничка болница, Марина Шуманска информира дека пациентите во Ковид центарот ја изгубиле битката со корона вирусот, а повозрасниот пациент од Штип немал коморбидитети. Се очекува во текот на денот од раководството на болницата да информираат во каква состојба се донесени на одделението и кои компликации биле причина за смртта на младите пациенти.
Сите ковид пациенти се сместени на инфективното одделение кое е реновирано и со централен довод на кислород. Модуларната болница е затворена. Вкупно на инфективно се хоспитализрани 54 пациенти, а на 48 од нив им е потеребна повремена кислородна поддршка. Има 6 слободни кревети.
На одделнието за кожно-венерични болести се сместени 9 пациенти, чија клиничка слика е подобрена и чекаат на испис од болницата.