Штипјанец бегал од жената со 40.000 евра во тегла – не ја давал ни во болница (Видео)


Жител на штипско Крупиште примен во болница со 40.000 евра во тегла. Од теглата и парите не сакал да се оддели ни по цена на живот ни по цена на здравје, па извори за ТВ Стар од болницата тврдат дека тој неа силно ја стискал и за време на лекарскиот преглед и за време на рендген снимањата.
tegla pariИнаку, во болница со парите штедени со години и заработени од продажба на ориз и овци, крупиштанецот стигнал по сообраќајна несреќа што се случила на патот Крупиште – Штип.
Намерата му била домот во Крупиште и сопругата да ги напушти засекогаш, па храброст за тоа побарал и во алкохолот.
Ова се покажало како лош избор, зашто алкохолот и возбудата го намалиле вниманието, па наместо на планираното место, крупиштанецот завршил на Ортопедија, сосе теглата полна со пари.
televizijastar.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1