Шеесетгодишен штипјанец се бори за живот, откако вчера доживеал срцев удар на судско рочиште во основниот суд во Штип.
Тој се судел со познаник за нива со ориз. Според штипската полиција, за брзо време пристигнала екипа на Брза помош која успеала со долга реанимација да го поврати во живот и безбедно да го пренесе во болница. Од болницата известија дека тој сè уште е во животна опасност.