Штипјани кои отишле во Будва, Црна Гора, на одмор наишле на големи проблеми, објави порталот „Во Штип“.
Имено, додека оштетените лица Ј.М, Х.Т., Н.Т. и Е.Г. биле на излегување, непознати лица го разбиле станот во кој биле сместени и се превртеле наопаку.
Покрај големиот неред им биле одземени сите патни исправи на сите четири лица исто така и парите кои си ги носеле за својот годишен одмор.
Но, проблемите не застанале овде. Покрај украдените преку илјада евра на оштетените исто така им било украдено и возилото со кое отишле за Будва, се работи за Фолсваген Пасат.
Иако црногорската полиција извршила увид на местото на настанот, не нашле никакви докази за сторителите.