Штипјани преживеале драма на одмор: Во Будва им украле пари, пасоши и автомобил


Штипјани кои отишле во Будва, Црна Гора, на одмор наишле на големи проблеми, објави порталот „Во Штип“.

Имено, додека оштетените лица Ј.М, Х.Т., Н.Т. и Е.Г. биле на излегување, непознати лица го разбиле станот во кој биле сместени и се превртеле наопаку.budva plaza policija

Покрај големиот неред им биле одземени сите патни исправи на сите четири лица исто така и парите кои си ги носеле за својот годишен одмор.

Но, проблемите не застанале овде. Покрај украдените преку илјада евра на оштетените исто така им било украдено и возилото со кое отишле за Будва, се работи за Фолсваген Пасат.

Иако црногорската полиција извршила увид на местото на настанот, не нашле никакви докази за сторителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1