Што чудовиште е ова – со неверојатна брзина ја искачи планината (Видео)


Мајли Ламонт, планинар од Канада објавил видео кое го снимил пред две години. Тој додека планинарел во далечината здогледал нешто што се движи по снегот. Тој и тогаш и сега е уверен дека не станува збор за човек, ниту за животно, туку за Бигфут.

sneg-planina-big-futВеднаш ја извадил камерата и се снимил. Видеото дури сега го поставил на Јутјуб, а досега го погледнале на 300 илјади луѓе.
„Не сакав да привлечам толкаво внимание. Тоа не е ништо друго, само една невообичаена средба“, рекол Мајлс за Дејли Меил.

На видеото се гледа мала црна точка која се движи о снегот. Снимката е навистина интересна бидејќи изгледа дека објектот со неверојатна брзина се движи по снегот и се качува по планината. Малку е веројатно дека станува збор за мечка или за некое друго животно.

„Можно е да станува збор за лошо подготвен планинар кој се движи по претешки рути бидејќи не знам дека постојат едноставни патеки. Сепак, тој морал да биде во толку добра форма со оглед на брзината со која се движи низ снегот“, рекол Ламонт.

Бигфут или Големото стапало, е животно налик мајмун кое талка по дивината низ Северна Америка и Канада, особено околу Големите езера, Тихиот океан и на северозападот и југот од Америка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1