Што чуствуваат луѓето пред да умрат: Неверојатно откритие на едно истражување!


Бидејќи во рок од 9 недели ги изгубив сестрата и таткоти, се посветив на истражување на она што се случува после смртта. Интервјуирав дестина луѓе кои професијата ги поврзува за неизлечиви пациенти, како и оние кои доживеале посебни искуства со смртниците па и со оние кои доживеале таканаречена клиничка смрт, пренесува Фактор.мк.

Ова го пишува американската новинарка и авторка Патриша Пирсон, која тврди дека резултатите од нејзиното истражување ги упатуваат луѓето да спознаат кога ќе им чукне последниот час на овој свет. Наводно, во период од 72 часа пред смртта тие почнуваат да зборуваат во метафори за патување. Терминологијата е различна, па така едни ги бараат своите обувки, други авионски карти, а трети како „сакаат да си одат дома“ …zivot-smrt

Во моментите додека лежела на смртна постела, мојата сестра, заболена од рак на дојката, упорно повторуваше „јас не знам како да одам“, а дури споменуваше и некои стујардеси.

Болничарката Меги Каланан, која работела на негување на смртно болни пациенти во Вирџинија, го наведува прашањето на еден пациент заболен од рак на панкреасот, поставено во смртниот час:

„Дали мојата жена знае се во врска со пасошот и картите?“

Каланан била во состојба да негува стотици пациенти се до смртта и смета дека визиите за патувањето на нејзините пацинети не се случајност.

Смртниците често имаат „предвидувања“ за кои здравите личности веруваат дека просто се ефект на јаките аналгетици кои пациентите ги примаат. Меѓутоа, дали е така?

Во една голема интернационална студија, која ја спроведе писхолозите д-р Карлис Осис и д-рЕрлендур Харалдсон од Исландскиот универзитет, востановено е дека повеќето пациенти кои уште се свесни неколку часа пред смртта, ги гледаат своите сакани кои починале, без оглед на тоа дали примале такви лекови или не. Студијата опфатила личности од целосно различните култури – од САД и Индија.

Во некои случаи, луѓето ги гледаат членовите на семејствата и пријателите за кои не биле свесни дека се умрени. Меѓу првите детално истражени извештаи за визиите пред смртта, се најде и еден случај на жена која умирајќи на пораѓајот и рекла на својата акушерка во една даблинска болница како пред себе го гледа починатиот татко. Потоа видела нешто што ја збунило: „Вида е со него“. Го повторувала тоа, а Вида била нејзината сестра, која починала три недели пред тоа. Меѓутоа, информацијата дека Вида била почината била скриена од смртницата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1