Што да направите ако ви се поплави автомобилот – како да го вратите во живот


Сопствениците на автомобилите кои беа поплавени, а имаат каско-осигурување, немаат причина да се грижат. Само треба да ги остават автомобилите во затечената состојба, по што ќе следува исплата на штетата.

471002obrenovac-novo01foto-reuters-marko-djuricaffВеројатно тука ќе има натегање со осигурителните компании, но ништо страшно. Секако, повеќе проблеми може да очекуваат сопствениците на постари автомобили без каско-осигурување. Единствено што преостанува е да се обидете сами да го оспособите автомобилот.

Досегашната практика покажува дека исходот е неизвесен, а зависи од тоа дали автомобилот бил делумно или целосно поплавен, колку долго поминал под вода, колку е стар, кој модел е… Предноста на старите автомобили е што немаат толку електроника како новите.

Најдобро е работата е да им ја препуштите на стручни лица, автомеханичари или автоелектричари бидејќи е сложен процес. Еве што се треба да се направи.

1. Откако автомобилот ќе се најде на суво, треба да го оставите отворен ден-два да се исцеди што е можно повеќе вода од него. Добро е да се извадат седиштата, на кои поради дебелината и натопеноста ќе им треба повеќе време за сушење.

2. исфрлете ја сета вода која е останата на места од каде неможе самата да се исцеди како навлаките на вратите, багажникот, подовите …

3. Моторот во никој случај не смее да се вклучи додека целосно не се искуши автомобилот, бидејќи ако се обидете да го запалите заостанатата вода може да навлезе во виталните делови и ќе се направи уште поголема штета.

4. Од моторот, серво-воланот и кочниците се испушта целото масло, да се променат старите филтри и свеќичките.

5. Да се исчисти темелно и резервоарот за гориво, карбураторот, сите доводи на гориво, пумпата за гориво и вода, ладилникот издувајте ги со воздух – компресор.

6. Моторот треба да се отвори и да се исчисти. Акумулаторот исто така треба да се извади, а сета електроника, како инструменталната табла, да се извади и исуши. Истото важи и за светлата.

7. На празно заверглајте неколку пати за да ја исфрлите евентуалната вода

8. Сите делови откако ќе ги склопите ставете ново гориво и дури потоа исушете ги каблите за свеќичките доколку станува збор за бензинец. 

9. Ставете малку масло на делот каде што биле свеќичките а потоа малку заверглајте го моторот за да се подмачкаат цилиндирте. Дури потоа може да ги вратите свеќичките на место.

10. Имајте на ум дека во некои делови можеби се задржала вода која по одредено време може да доведе до ‘рѓосување. Затоа е и подобро сето ова темелно да го направи стручно лице, за да има помали шанси дека вода ќе остане некаде во автомобилот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1