Повеќе помош во домашните обврски = помалку секс?
Еднаквоста во домашните обврски не води до жешка акција во креветот, барем според истражувањето во февруари на журналот American Sociological Review. Студијата покажа дека мажите кои учествувале во „женската“ работа низ домот, како готвење и миење чинии, имале помалку секс од оние кои не ги работеле овие домашни обврски.
Не значи дека рамноправноста во работата низ домот ќе делува како „ладен туш“, но студијата наведува кон тоа дека сексот во ваквите врски е помалку „зачинет“. Од друга страна, истражувањето покажа дека луѓето во врските во кои владее еднаквост се посреќни, и покрај „подосадниот“ секс.
После породувањето, и жените и мажите чекаат пред повторно да имаат секс.
Докторите препорачуваат новите мајки да чекаат барем 6 недели по породувањето пред да имаат секс, но повеќето од родилките чекаат и малку подолго од тоа – барем за вагинален секс. Додека 41 процент од жените се вратиле „во форма“ во периодот од 6 недели, на 65 проценти им биле потребни 8 недели. До 12-тата недела, 78 проценти од жените имале секс, а веќе до 6-тиот месец, бројот се искачува на 94 проценти. Сепак, повеќе од половина (53%) од жените се впуштиле во некој вид на сексуална активност во периодот од 6 недели. Студијата е објавена во февруари, во International Journal of Obstetrics and Gynaecology.
По породувањето, мајките не се единствени што поминуваат низ сексуални промени. Журналот Sexual Medicine, во август, објави дека и татковците, исто така, имаат свои успони и падови. Заморот, стресот и бебиња што не спијат се главните фактори што ја убиваат сексуалната желба кај тазе татковците. Доењето и вагиналното крварење на парнерката се покажале како фактори со помал импакт на сексуалните нагони.
Сексот помага при главоболка.
„Душо, ме боли глава“ треба да е покана, а не изговор, барем според истражувањето од март во журналот Cephalagia. Според студијата, сексот помогнал при мигрена кај третина од испитаниците.
Не е јасно зошто сексот помага кај главоболката, но ендорфинот што се ослободува во мозокот го објаснува ублажувачкиот ефект.
И лилјаците имаат орален секс.
Луѓето не се единствените што се креативни во сексот. Вид на лилјаци, наречени индиски летечки лисици, ја почестуваат партнерката со орален секс, пред пенетрацијата – пишува во PLOS ONE, во март. Научниците сметаат дека на овој начин се продолжува времетраењето на сексот, а со тоа и шансите за зачнување. Исто така, се чини дека мажјаците понекогаш ја отстрануваат „конкурентската“ сперма од вагините на женките.
Младината и не е толку „распуштена“.
Популарната медија, барем во Америка, ги портретира модерните средношколци и студенти како луѓе што скокаат кревет во кревет, учествувајќи во сексуални врски без обврски. Појавата позната како „hookup culture“, сепак, е преувеличена – тврди истражувањето од август, презентирано на годишната средба на American Sociological Association.
Истражувачите ги споредија резултатите од националните анкети од 2002-2010, со оние од 1988-1996, направени врз луѓе на возраст од 18-25 години. Во двете групи, 31 процент се изјасниле дека имале еден сексуален партнер во последната година. Само половина одговориле дека имале повеќе од 2 партнера , откако наполниле 18 години. Бројките велат дека младината и не е така промискуитетна како што е претставена.
Секс вежбање?
Кога немате секс, пропуштате добра прилика за просечно вежбање. Студијата објавена во октомври во PLUS ONE, покажа дека сексот не е најефикасниот метод за намалување на тежината.
Мобилните фитнес монитори, кои паровите-испитаници ги носеле во секојдневниот живот, покажуваат дека сексот, во просек, согорува 4.2 калории во минута кај мажите и 3.1 калории во минута кај жените. Тоа е подобро од прошетка, но не е ефикасно како џогирањето. Сепак, научниците велат дека доколку имате секс со умерено темпо, тоа може да се смета како ваша дневна доза вежбање.
Сексот за една вечер не води кон женски оргазам.
Студија спроведена над 600 студентки, во ноември, покажа дека шансите за женски оргазам се двојно помали при сексот за една вечер, отколку при сексот во врска. Врските се поподобни за жените затоа што нивните партнери учат како да ги задоволат и се грижат за нивните потреби, сметаат истражувачите.
Бонус факт за женскиот оргазам: Може да започне во стапалото. 55-годишна жена се пожалила дека сензацијата започнувала без никаков повод, во нејзиното лево стапало, патувала нагоре по ногата до вагината, предизвикувајќи оргазам ист како и оној при секс. Сепак, излезе дека се работи за уникатен случај, во чија основа стои невролошко пореметување.
Како хормоните влијаат на сексот?
Хормоналното влијание врз женската желба за секс е тешко да се открие во целост, делумно поради тоа што жените во врски понекогаш имаат секс и кога „не се расположени“. Сепак, студијата објавена во октомври во Sexual Medicine, имала за цел повнимателно да ги разгледа релациите помеѓу хормоните и сексот. Заклучокот е дека сингл-жените имаат повеќе секс во периодот околу овулацијата, што наведува на тоа дека оваа „рамка на плодност“ ја зголемува сексуалната желба. Од друга страна, жените во врска се под помало влијание на биологијата, се вели во студијата.
Машка контрацепција што ја блокира спермата.
Потрагата за машка контрацепција (покрај кондомите) продолжи и во 2013-та, со ветувачки експеримент врз стаорци кој ја подгреа надежта за едно вакво постигнување. Методот се состои од комбинација од лекови што овозможуваат спермата да биде продуцирана како и обично, но ја спречуваат да патува до уретрата и да ја напушти за време на ејакулацијата.
Патот од испитување врз глувци до испитување врз луѓе е долг и тежок, но научниците се убедени дека ќе го изодат, барем како што се вели во декемвриската студија во журналот Proceedings of the National Academy of Sciences.
Има само еден мал проблем – немањето на ејакулат може да биде вознемирувачки, велат истражувачите.