Сред Сахара се наоѓа необична формација која на прв поглед изгледа како да ја направиле вонземјани.
Откако се појавила во 1997 година оваа несекојдневна глетка ги збунува туристите како и оние кои ја виделе преку Google Earth. Сепак ова е уметничка креација за која се одговорни неколку уметници.
„Пустиснкиот здив“ како што е нарешено ова уметничко дело е проект на уметничкиот тим ДАСТ Стрим кој во 1995 година го основале Дана и Александра Страту и Стела Константинидес со цел да го реализираат овој проект.
Оваа креација, која се простира на 100.000 квадратни метри е сместена во источниот дел на Сахара во Египет.
За нејзината реализација се користени 8.000 кубици песок, а довршена е во 1997 година. Иако се уште постои таа постепено се распаѓа, а ќе биде видлива се додека ветрот целсоно не ја избрише.