Груевски: Ја прифаќаме фрлената ракавица и одиме на предвремени избори!


ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа фрлената ракавица од ДУИ и прифаќа да се одржат предвремени парламентрани избори заедно со вториот круг од претседателските на 27 април, истакна премиерот Никола Груевски на конвенцијата во Универзалната сала на која владејачката партија треба да избере свој кандидат за шеф на државата.

gruevskiДУИ, како што рече, преку уцени сака да добие едно од трите раководни места во државата. ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Груевски, не подлегнува и не прифаќа никакви уцени и закани кога се во прашање националните и државните интереси на Република Македонија.

Од членството на партијата и од граѓаните на Македонија побара двојна победа на 27 април.

-Во изминатите недели и месеци ги слушнавме изјавите на ДУИ дека ќе ги бојкотираат изборите, ќе излезат од Владата и ќе бараат предвремени парламентарни избори. Во 2008 на 63 пратеници ништо не им пречеше. Подоцна, откако во 2011 добивме 56 пратеници гледаме различно лице на коалициониот партнер. Во минатите еден или два месеци ги слушавме нивните изјави, одбегнувајќи јавни препреки од нивната одлука за предвремени избори со образложение дека наш кандидати не го гледале како консензуален, изјави Груевски.

gruevski_ahmeti_644841773Премиерот додаде дека најважно е што ВМРО-ДПМНЕ не подлегнува на уцени и закани.

-Тоа досега на сите им е јасно, а и на ДУИ. Второ, затоа веќе е јасно зошто и бараат консензуален кандидат, за да не го добијат и да одат на обид за пропаѓање на претседателските избори и притисок за промена на Уставот за партиите, а не граѓаните да бираат претседател. Пред се, поради државен и национален интерес, ќе одговорам дека се прифаќа одлуката за предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на истиот ден кога се одржува и вториот круг на претседателските избори, истакна премиерот.

Dnevnik.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1