Омилена забава на светските медиуми во последно време е откривање на деталите за животот во Северна Кореја, една од најизолираните земји во денешницата. Беше прашање само на момент кога некој ќе најде начин да провери што најмногу гледаат жителите на оваа земја на јутјуб. Според британскиот весник „Гардијан“ најмногу се гледаат видео записи кои ги дистрибуира државната новинска агенција КЦНА и државната телевизија КЦТВ. Најпопуларниот севернокорејски канал на јутјуб и припаѓа на државната телевизија и е основан на 22 јули 2010 година, а вниманието на целиот свет на себе го привлече откако неодамна ги емитуваше првите фотографии на Кин Џонг Ум од детството. Каналот има 15 милиони прегледи со над 100 видео снимки и 12.00 луѓе кои го следат. На овој канал најчесто се емитуваат прилози од државната телевизија.