Што ќе се случува со отстранетите споменици – Александар Велики од аеродромот заврши како сопственост на државата


Во неполни 24 часа откако беше отстранет, споменикот на Александар Македонски промени двајца сопственици. Најпрво за него беше надлежен градот Скопје, но 12тина часа подоцна состојбата се промени. Од денеска, аеродромскиот споменик на Александар Македонски е во државна сопственост и е сместен во депото на владата.

Од владината прес служба потврдуваат дека сега надлежноста е нивна. Но нема информација која ќе биде судбината на овој споменик кој првично беше донација од ТАВ.

Од компанијата објаснуваат дека иако споменикот бил донација од оперативен директор на ТАВ, тие како концисионери немаат право на сопственост па не можат да го побараат споменикот назад. Вчера преку писмено соопштение објаснија дека отстранувањето на споменикот е направено по барање на Владата.

„Ги завршивме речиси сите работи поврзани со Одлуката на Владата за промена на името на аеродромот.. Сите задачи, како дел од овие активности, се направени во рамки на нашите трошоци“, велат од управата на ТАВ.

Ова е втор демонтиран споменик со неизвсна судбина. Минатата недела градот Скопје го дислоцираше и споменикот на Андон Јанев Ќосето од пред судската палата. Експресно општина Сопиште изгласа одлука да го постави на својот кружен тек но градоначалникот Шилегов се спротистави со тврдење дека ова спомен обележје кое беше донација од граѓанско здружение сеуште не му е платено на изведувачот.

Инаку отстранувањето на споменикот на Александар Македонски од внатрешноста на терминалната зграда следи по неполна недела откако од објектот беше демонтиран натписот Александар Велики, име кое до сега го имаше аеродромот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1