1-Зошто сме сите „мокри“?
– Научниците сметаат дека Земјата била сува карпа по своето настанување пред 4,5 милијарди години. Се поставува прашањето од каде дошла водата? Можеби од меѓуѕвездениот систем, пред четири милијарди години….
Водата би можела да биде создадена од замрзнатите астероиди во земјината површина. Така со текот на времето, можеле да настанат резерви на вода. Се уште не е јасно настанувањето на водата на земјата.
2-Што има таму доле во јадрото?
– Легендарното земјино јадро до денес не е целосно истражено. Низа години писателите и фантазерите пишуваат за него, но никој точно не знае што има таму долу.
3-Како Месечината дошла овде?
– Дали Месечината настанала од огромен судар на Земјата и планета со големина на Марс? Ова е само уште едно од прашањата кои ги мачи научниците. Но оваа теорија не е прифатена затоа што истата има многу недостатоци. Хемискиот состав на Земјата и на Месечината е толку сличен што некои сметаат дека Месечината настанала од Земјата. Но и оваа теорија не е докажана.
4- Како настанал животот?
– Се уште не е јасно дали животот настанал на Земјата или во меѓузвезден простор по што бил донесен на нашата планета. Најосновните животни компоненти- аминокиселини и витамини, најдени се во ледените зрна астероиди. Еден од најголемите предизвици на биологијата е докажувањето на начинот на кој тие создале живот. Исто така отежнувачки е фактот што не постојат фосилни остатоци на земјините први жители.
5-Од каде доаѓа кислородот?
– Атмосферата за прв пат била „наполнета“ со кислород пред околу 1,4 милијарди години. Меѓутоа и тоа не е јасно затоа што во камењата видливо е нивото на кислород кој осцилирал три милијарди години, а конечната стабилизација ја направил пред 541 милиони години.
6-Како започнало движењето на тектонските плочи?
– Тенките плочи се судираат на површината на Земјата. Геолозите се уште не знаат кога точно плочите започнале да се движат, затоа што мнозинството докази се уништени. Ним не им е ниту јасно како се формирале камењата.
7- Ќе можеме ли некогаш да ги предвидиме земјотресите?
– Слично на предвидувањето на времето, може да се погодува и за земјотресите. Меѓутоа, точно утврдување кога би имало земјотрес е невозможно. Дури и најстариот експеримент стар 12 години, не успеа.