СДСМ ги врати мандатите, дефинитивно не ги признава изборите


sds-540x359

 

По цела ноќ дискусии, Централниот Одбор на СДСМ едногласно ја потврди одлуката на Извршниот одбор на партијата за враќање на пратеничките мандати и непризнавање на изборните резултати.  Според неофицијални извори, дискусијата траела цела ноќ, при што имало спротивставени мислења и ставови, но на крајот сепак била донесена едногласна одлука за враќање на мандатите.

Сепак, преовладал ставот дека, која било друга одлука, освен враќање на мандатите, би значело признавање на резултатите од изборите и давање легитимитет на избори спроведени со систематска кражба на гласови.

Некои од пратениците од претходниот собраниски состав барале и одговорност, а други посочиле дека најголемата грешка е што не се истрајало во намерата да не се оди на избори без прочистен избирачки список.Отворено се зборувало и за фактот дека некои новоизбрани пратеници веќе добиваат и ќе добиваат понуди од претставници на власта да си ги задржат мандатите и да влезат во Собранието како независни или како пратеници на некои од партиите на владеачката коалиција.

Довербата за Зоран Заев, како и оценка за резултатите од парламентарните избори, ќе биде тема на постизборниот партиски конгрес, кој се очекува да се одржи на 11 мај.

СДСМ за предвремените парламентарни избори освои 34 мандати од вкупно 123, но лидерот Заев пред да започне броењето на гласовите рече дека опозицијата овие избори не ги признава.

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1