Што ли јадеме: Хрватска врати 34 тони македонски краставици со опасни хемикалии


Станува збор за краставици од прва и од втора класа во кои е пронајдено зголемено присуство на пестицидот хлорпирифос, по што хрватските власти забраниле краставиците да бидат во промет, за да ги заштитат домашните потрошувачи, пишува Нова Македонија.

ЕУ ни ја спушти рампата

oranzerija-krstavici-banskoНа две големи пратки со краставици од Македонија деновиве им бил забранет влез во Хрватска и тие се вратени од граница поради присуство на опасна хемиска супстанција над максимално дозволеното количество. Станува збор за остатоци од пестицидот хлорпирифос, кој бил откриен по хемиска анализа на краставиците, дознаваме од Европскиот систем за брзо предупредување на Европската Унија.
Производите се ставени под царинска пломба и веднаш се испратени на уништување.

Во нив е откриено присуство од 0,14 до 0,26 мг/кг од опасната хемикалија иако, според законските прописи на ЕУ и Светската здравствена организација, максималното ниво на резидуи за краставици е 0,05 мг/кг, прифатливо дневно внесување. Ова не е прв случај на прехранбени продукти од Македонија да не им биде дозволен влез во земјите од Европската Унија поради хемиска контаминација, иако во меѓународни рамки државава се претставува како поднебје со чиста, здрава и еколошка храна.

Во Агенцијата за храна вчера го потврдија случајот и најавија истрага.

_sp-isecen-krastavac– Користени се пестициди два дена пред бербата, иако за да се разградат се потребни најмалку седум дена пред бербата. Пронајденото количество хлорпирифос е 10 пати поголемо од дозволеното. Вршиме истрага, иако се работи за искусна домашна фирма, која извезува и во други земји-членки на ЕУ – вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тие предупредуваат и дека нивото на пестициди во храната нема да се намали како резултат на надворешни фактори, како миење, лупење, транспорт или преработка. Граѓаните стравуваат дека отровите во храната нѐ демнат со секој залак, а хемијата царува на нашите трпези. Тие како најризични ги посочуваат токму овошјето и зеленчукот, бидејќи се консумираат во свежа состојба, без термичка или друг вид обработка, преку која би се уништиле евентуалните штетни остатоци.

Отровен со проголтување

krastavicaХлорпирифос е органофосфорен пестицид. Тој е дозволен за употреба според регулатива на Европската комисија. Максимално ниво на резидуи за краставици е 0,05 мг/кг, прифатливо дневно внесување.  Количества што се пронајдени во македонските краставици се многу поголеми од дозволените. Како најризична група за остатоци од пестициди во храната се малите деца, но и лицата чија исхрана е базирана на одреден вид овошје или зеленчук или кога потрошувачите користат некакви диети.

Ефектите на хемиските агенси се разновидни, може да бидат канцерогени (кадмиум, арсен), ја нарушуваат функцијата на жлездите со внатрешно лачење (диоксини, фурани, полхлорирани бифенили), ја оштетуваат функцијата на црниот дроб или на бубрезите, може да влијаат на физичкиот и на интелектуалниот развој кај децата. За овие ефекти постојат сигурни докази од експерименталните студии на луѓе и на животни.

Повеќе на –  Нова Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1