Банална причина стои зад убиството на 19 годишниот Леарт Адеми. Полицијата го приведе осомнчениот за убиството, врсник на Адеми на возраст од 19 години кој заработи и мерка притвор.
Околу 19 часот во неделата Леарт со неговиот другар движејки се по улицата Ресенска се разминувале со сега осомничениот извршител на убиството. Во критичниот момент осомничениот реагирал зошто го гледаат и првин започнала расправија.
Го нападнал другарот на Леарт, а откако тој се обидел да ги раздвои бил прободен три пати со нож утврдила истрагата. Еден од од нив кој завршил во срцето бил смртоносен. Случаен минувач помогнал двајцата нападнати да бидат пренесни во старата градска болница, но и по долгите обиди лекарите не успеаа да го спасат животот на 19 годишниот Леарт Адеми.
Приведениот со предлог од јавното обвинителство бил пренесен на распит кај судија на претходна постапка кој одлучил да одреди мерка притвор.
– Судија на претходна постапка по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, донесе одлука да го прифати предлогот и определи мерка 30 дневен притвор, пишува во соопштението испратено од кривичниот суд.
Според соопштението на судот осомничениот се товари за делото Тешка телесна повреда со смртни последици.