Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Цеца вчера вечер во еден белградски луксузен хотел го прослави својот 18-ти роденден. Забавата потраја до раните утрински часови, а една од најголемите ѕвезди во регионот, Цеца, на забавата на својот миленик го собра големиот дел на естрадата и политичкиот врв на Србија.
На забавата покрај домашните, Цеца, Анастасија и славеникот, беше и неговата девојка Аника Ѓурашковиќ. Мајка му Цеца му ја отпеа неговата омилена песна „Наговори мајка сина“, Вељко беше облечен во бело одело, а највесел беше кога засвиреа трубачите.
Секако дека доби едно чудо подароци, но највреден е оној подарок кој го доби од мајка му, а тоа е скапоцен часовник од марката Ролекс. Секако дека Вељко веднаш се пофали на својот Инстаграм.
Дојде и политичарот Драган Марковиќ Палма, кој не му донесе подарок на славеникот, затоа што бил голем! Потоа се редеа, кумот на семејството Борислав Пелевиќ, лидерот на СПС Ивица Дачиќ, Маријана Матеус, а и колешката на мама Зорица Брунцлик со сопругот Кемиш. Жељко и Милица Митровиќ, Саша Ковечевиќ, Вики Миљковиќ, Александар Милиќ Мили, Аца Лукас, Харис Џиновиќ, Сања Ѓорѓевиќ, Жељко и Јована Јоксимовиќ, Виктор Живојиновиќ (синот на Брена), Оливер Мандиќ… сите беа тука за заедно со славеникот да го прослават неговото полнолетство.