Што навистина ја убило Клеопатра? Убивале со една капка – Најпознатите труења во историјата


Луѓето отсекогаш ги познавале отровните билки и животни, и ги користеле за добри и за лоши цели. Д-р Марк Сидал, професор при Американскиот музеј на природна историја и кустос на најновата изложба на овој музеј, „Моќта на отровите“, објаснил некои од најпознатите труења во историјата.

1.Клеопатра

kleopatra32Легендата тврди дека египетската кралица Клеопатра извршила самоубиство така што дозволила да ја касне змија, најверојатно египетска кобра, симбол на тогашната кралска династија.

Тој вид на змија е навистина отровен, иако често не доволно за да усмрти човек. Покрај тоа, во извештаите пишува и дека смртта на Клеопатра била „блажена и мирна“, што секако не одговара на смрт од каснување од змија. Тоа морала да го знае и самата Клеопатра, бидејќи во тоа време дејството на змиското каснување се испробувало на затворениците

2.Нерон

Римскиот император е еден од најпознатите антички трујачи. На власт дошол така што го отрул претходниот император Клавдиј, а во својата служба имал и жена која правела отрови, со име Локуста, со чија помош се ослободил од својата мајка, полубратот, и многу други ривали. Таа поголемиот дел од своите отрови ги правела од грмушести билки. Начинот на воспоставување на моќ на Нерон го истакнува фактот дека во некои историски моменти токму отровот бил оружје за моќ и промена.

3.Лукреција Борџија

408694_248pxlucretiaborgiapinturicchio_fПознатата убавица, дел од италијанското ренесансно семејство Борџија, познати по безобѕирзноста, наводно ги труела луѓето толку често што дури носела и прстен полн со „кантарела“, отров со кој нејзиното семејство најчесто се служело. Рецептот не е познат, но името укажува на кантардин, токсин од птицата Hycleus lugens во комбинација со арсеник. Отровот бил без мирис и вкус, а убива брзо и речиси безболно.

4.Хуан Понс де Леон

Шпанскиот конквистадор е познат по тоа што ја открил Флорида додека трагал по еликсирот на младоста. Подоцна станал првиот европски гувернер на Порторико. При обидот да ја колонизира Флорида во 1521 година го нападнала мала група на храбри припадници на племето Калуза. Ранет е со стрела, која била натопена, како што веруваат историчарите, во отровен сок од дрво манканилја. Се вратил во Порторико и таму умрел.

5.Наполеон

322621_napoleon4_fФранцускиот император е протеран на островот Елба во 1814 година и се верува дека таму бил труен од неговите чувари. Оттаму е преместен на островот Света Елена, каде умрел од рак на желудникот. Во примероците од неговата коса подоцна е пронајдена голема количина на арсеник, отров кој се наоѓа во природата, а во негово време го имало и во предметите за секојдневна употреба, како во тапетите, па веројатно не умрел само од него. Д-р Сидал верува дека за неговата смрт најверојатно допринел и некој лек со кој бил лечен од рак на желудникот. Рак, труење со арсеник, или нешто друго? Никогаш нема да дознаеме.

6.Крал Митридат

Владетелот на Персија (120-63 год. п.н.е) бил опседнат со страв од атентат, па редовно земал мали дози на отров за да развие имунитет. Легендата вели дека откако римскиот император Помпеј го победил, тој се обидел да изврши самоубиство со отров, но поради имунитетот кој го развил отровот не делувал, па неговиот телохранител морал да го прободе со меч. Д-р Сидал смета дека легендата најверојатно не е точна, бидејќи не може да се стане имун на отрови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1