Неверојатни моменти од соблекувалната на Србија, Белград прославуваше цела ноќ (Видео)


Ексклузивни снимки од соблекувалната на финалистот на Светското првенство во кошарка Србија беа дистрибуирани од медиумите на нашиот северен сосед, по огромниот успех на тимот, предводен од Александар Ѓорѓевиќ.

Се започна со Мирослав “Мута” Николиќ – помошникот на Ѓорѓевиќ, кој се смета за “амајлија“ во тимот.

Среќните играчи се прибираа еден по еден, а музичкиот избор премина од српски рап до задолжителната Цеца. Ветераните во смеа најавија дека се подготвени да се повлечат во пензија по огромниот успех.srbija

Стефан Марковиќ пак потсети на многу важен момент од историјата – Светското првенство за јуниори во 2007-ма година, кога Србите ги победија САД, на свој терен.

Во соблекувалната се разбира влезе и легендата Дејан Бодирога, а тишина настана кога во неа се појави тренерот Ѓорѓевиќ.

Обидувајќи се да бидат мирни, Салех Ѓорѓевиќ застана пред камерата, за да им каже неколку зборови на момчињата, а потоа ги собра сите, за да упатат заедно пораки до оние што се борат со тешки болести, кондициониот тренер на националниот тим Срѓан Сариќ и тренерот Ацо Петровиќ.

Белград, а и многу други српски градови минатата ноќ не затворија очи, и само минути по завршувањето на полуфиналето со Франција, улиците беа преполни со луѓе, кои славеа до рано утринава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1