Што не чека на „другата страна“ после смртта?


Познатиот фудбалер Фабрис Муамба за време на еден натпревар изгубил свест но успеал да преживее и да го раскаже своето искуство од другата страна на животот.

Тој доживеал срцев удар по што некое време бил клинички мртов. За среќа, успеал да се врати во живот и да објасни како изгледа животот на другата страна.

Впрочем, тој најпрвин почуствувал вртоглавица, а последното нешто на што се сеќава на Скот Паркер од Тотенхем. Веднаш потоа изгубил вид и почнал да тоне во длабок сон, по што не чуствувал никаква болка.

Постојат илјадници дефиниции за клиничката смрт, вклучувајќи ја и онаа за светлоста на крајот на тунелот.

zivot-posle-smrti-eben-aleksander-iii-1328585176-90973

Најстариот опис потекнува од 18 век, а е дефиниран од француски фармацевт. Тој се сеќава на силна и чиста светлина која наликувала на рајот.

Во скоро сите дефиниции присутна е светлината. Меѓутоа, истражувачот Сем Парнија и неговите колеги одлучиле да завземат објективен пристап.

Пред 15 години, неговиот тим интервјуирал 63 пациенти кои преживеале срцев удар а кои се лекувале во болницата во Саутемптон. Од нив, само седум се сеќаваат на перидот кога немале свест.  Еден од нив комата ја опишал како пристигнување на границата од која нема враќање, друг како чуство на смиреност и спокој, а трет пак како скок од планина.

Впрочем, само мал број на луѓе можеле да се сетат дека биле на работ на смртта, а токму тие имале нависоко ниво на кислород во крвта а како резултат на тоа и најдобри когнитивни функции. Во последната студија од ваков вид, која била спроведена во 15 американски и европски болници, само двајца пациенти имале чуство дека се надвор од своето тело.

Првиот, кој бил клинички мртов слушнал женски глас кој го повикува. Веднаш потоа доживеал чуство како телото да го напушта. Вториот пациент пак го гледал своето тело на креветот, како и лекарскиот тим кој се обидувал да го врати во живот.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1