Телеграф направи анализа на условите и цените на патничките осигурувања кои ги нудат осигурителните компании во Македонија.

swiftcover-insurance-travelТака, ако сакате да купите патничко осигурување за 10-дневен престој во Грција, истото може да го најдете почнувајќи од 320 денари, 430, 610, 800 денари.

Основните пакети, кои чинат околу 300 денари, покриваат штети од здравствени проблеми до 30.000 евра, но над 100 евра или над 150 евра. Ова значи дека ако додека сте на одмор треба да одите на лекар за некаква интервенција и тоа чини до 100 евра, сами ќе си платите. 

Доколку некој сака да има покритие и на помал трошок, на пример, поправка на заб, или пак сериозна хируршка интервенција, треба да си купи целосна полиса.

– Со едно евро на ден, што значи 615 денари за 10 дена, за во Грција би биле целосно покриени. Ваквата полиса покрива болничко лекување од незгода до 30.000 евра, болничко лекување од болест до 15.000 евра, престој во болница до 50 евра на ноќ, враќање на посмртни останки, доцнење на багаж (доколку се патува со авион) до 3.500 денари, кражба и уништување на багаж од возило до 30.000 денари, загуба на патни документи до 1.500 денари. Сепак, оваа полиса покрива и помали трошоци, односно е без франшиза.

– На секоја полиса имаме наведено телефонски број за контакт, кој треба да ве упати каде да одите на лекар, во која болница, со цел таму да ја покажете нашата полиса и да не платите ништо. Сепак, доколку треба да платите, потоа парите ќе ви ги рефундираме – објаснуваат од осигурителната компанија.

Кај дел од осигурителните компании полисите за деца до 18 години се 50 отсто поевтини отколку оние за возрасните, додека пак за лицата над 65 години обично се двојно поскапи.

Она што е важно и треба да се знае е дека осигурителните компании, покриваат обично не покриваат за хронични болести – пример ако имате некаков хроничен проблем или тргнете болни на пат, осигурителната компанија нема да ви ги покрие медицинските услуги во случај на влошување на здравствената состојба.

Целата сторија на – Телеграф