Што предвидоа за 2015 година Баба Ванѓа, Нострадамус и Тарабиќ


Според тврдењата на старите пророци, наредната година ќе биде и повеќе од турбулентна. На Балканот, но и на светот, им се закануваат нови поплави, земјотреси, но и многу други проблеми.

nostra3

Баба Ванѓа

Баба Ванѓа предвидела дека Европа по 2014. година ќе почне да се пусти поради болести кои ќе настанат како последица на хемиска војна. Нејзиното пророштво се вклопува во предвидувањата и некои други пророци кои сметаат дека наредната година ќе биде почеток на трета светска војна, а таа се надоврзала на тоа пророштво и рекла дека 2016. година Европа ќе биде речиси без луѓе, а дека 2018. Кина ќе стане светска сила.

Тарабиќ:

– Кога мирисот ќе излезе од полското цвеќе, кога милоста ќе излезе од човекот, кога реките ќе го изгубат своето здравје, ќе настапи најголемата општа војна. Кога ќе избие оваа лута војна, тешко на оние војски кои ќе се борат на небото, а блазе на оние војници кои ќе војуваат по земја и вода, рекол Митар Тарабиќ, а со време експертите кои се занимаваат со толкување на стари записи дошле до заклучок дека може да се случи војна меѓу Русија и Западот.

Нострадамус

– Од Црно море и Тартарија ќе дојде крал кој ќе ја гледа Галија, ќе премине преку Аланија и Ерменија и во Византија ќе го остави својот крвав стап – ова се записите на Нострадамус, а други ги протумачиле како моменталната тензија меѓу Украина и Русија, која би можела да прерасне во општ судир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1