Што предвидува член 50 од Лисабонскиот договор за излез на земјата од ЕУ


Лисабонскиот договор претставува шематска правна рамка за двегодишен перидот на напуштање

Според член 50 од Лисабонскиот договор, земјата-членка, која ќе реши да ја напушти ЕУ, треба да го извести Европскиот совет за својата намера.no eu2

Заедницата треба да преговара и да склучи договор со државата, кој ќе ги содржи условите за нејзиното напуштање и да бидат земени предив идните односи со Унијата.

Договорот треба да биде склучен од Советот на ЕУ и одобрен со квалификуваното мнозинство.

Член 50 предвидува договорите на ЕУ да престанат да се применуваат за соодветната земја од датумот на стапување во сила на договорот за напуштање или во случај ако тоа не се случи – две години по одлуката за истапување, освен ако Европскиот совет во согласност со земјата-членка не прифати едногодишно решение за продолжување на тој период.

Во одредбата се предвидува членот на Европскиот совет или Советот на ЕУ, од земјата што сака да го напушти блокот да не учествува во дискусиите или во донесувањето на одлуките.

Неопходно е ЕУ во скоро време да ја пополни празнината од седум милијарди евра во годишниот буџет од 145 милијарди евра, што е определен до 2020 година, откако ќе ги изгуби придонесите од Велика Британија и во исто време да го заштеди она кое земјата го повлекува од сметките на заедницата.

ЕУ ќе сака што поскоро да се одреди статусот на физичките и правните лица, кои во моментов ги користат правата да тргуваат, работат и живеат од двете страни на идната граница меѓу Велика Беританија и ЕУ.

Велика Британија најверојатно ќе се откаже од шестмесечното претседавање со ЕУ, кое е планирано да започне во јули следната година.

Нејзиното место може да го заземе Естонија или евентуално Малта или Хрватска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1