Саудискиот принц Абдел Мохсен бин Абдулазиз и четири други лица беа приведени откако се обидоа да прошверцуваат два тона каптагон пилули и кокаин, објавија денес либански безбедносни извори.
Во понеделникот беше објавена веста за апсење на саудиски принц но не беше наведено неговото име.
Ова е најголема пратка откриена на меѓународниот аеродром во Бејрут, пишува агенцијата АФП.
Пилулите амфетамин се синтетички стимуланс и се произведуваат под името каптагон. Забранетиот лек најмногу се конзумира на Бласкиот исток и наводно масовно го користат борците на сириското боиште.
Лековите биле спакувани во куфери кои требало да бидат утоварени во приватен авион за Саудиска Арабија. При апсењето ринцот им се спротиставил на цариниците и викал цело време ,, Што сакате, вие јас сум принц можам да правам што сакам,,