Полициска акција во скопско и Куманово, нови претреси за нападот во Дива населба


Голема полициска акција од утрово се одвива во Куманово и скопско.

Според првичите информации полицијата постапувала по наредба на Основото јавно обвинителство, а извршени се претреси во неколку објекти.apsenje lisici policija

Лицата за кои постои сомневање дека биле дел од терористичката група од Дива населба, не биле пронајдени за време на претресите и по нив се трага.

За време на претресите во скопско  Арачиново, како и во кумановско биле пронајдени материјални докази кои се подигнати и дополнително ќе се вештачат.

Лицата се бараат по член 313 од Кривичниот закон поради сомневање за сторено терористичко загрозување на уставниот поредок.

МВР потврдува дека утринава се одвивала полициска акција, но сите детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1