Секој, на основа на матичниот број може да го дознае вашиот датум на раѓање, полот и регионот каде сте родени. Но, доколку матичниот број го внесе во апликацијата за проверка на избирачки список, би можел да го дознае вашето име и презиме, адресата, како и избирачкото место на кое гласате.
Единствениот матичен број на граѓаните (ЕМБГ) е идентификациски број што го имаат сите новородени граѓани во Југославија од 1976 година.
Сите граѓани кои се родени пред 1976 година добиле број во зависност од регинот во кој тогаш живееле, а не во кој се родени.
Секогаш ни било познато дека првите седум бројки кои сите ги знаеме се поврзани со датумот на раѓање. Но, останатите шест често се предмет на разни нагаѓања.
Бројот е направен од 13 бројки во форма „ДД ММ ГГГ РР БББ К“ но без простор:ДД = ден на раѓање
ММ = месец на раѓање
ГГГ = последните три бројки од годината на раѓање
РР = политички регион на раѓање
БББ = единствен број
000-499 = машки
500-999 = женски
К = контролен број
Во политичкиот регион за Макеоднија се користеле броевите од 41 до 49, а поконкретно вака за следниве градови:
41 – Битола
42 – Куманово
43 – Охрид
44 – Прилеп
45 – Скопје
46 – Струмица
47 – Тетово
48 – Велес
49 – Штип
Останатите политички региони низ поранешна Југославија:
00 – 09 – странци без државјанство на поранешна Југославија или нејзините држави
10 – 19 – Босна и Херцеговина
20 – 29 – Црна Гора
30 – 39 – Хрватска
41 – 49 – Македонија
50 – 59 – Словенија (само 50 е користен)
60 – 69 – не се користело од необјаснети причини
70 – 79 – Централна Србија
80 – 89 – Автономна покраина Војводина
90 – 99 – Автономна покраина Косово и МетохијаK – контролен број
Контролниот број се пресметува со формулата каде DDMMGGGRRBBBK = ABVGDĐEŽZIJKLL = 11 – (( 7*(A+E) + 6*(B+Ž) + 5*(V+Z) + 4*(G+I) + 3*(D+J) + 2*(Đ+K) ) % 11)
Kurir