Што се случило или некој исценирал драма? Нема знаци на труење кај учениците од Гостивар


Анализите на Институтот за судска медицина – негативни. Никакви знаци од присуство на отров, солзавец или друга вештачка хемиска супстанца не се откриени при токсиколошките анализи кои ги направи Институтот за судска медицина.

sudska medicinaДиректорот на Клиниката за токсикологија д-р Андон Чибишев ја нарече драмата во средното економско училиште во Гостивар, од каде пред два дена како итни случаи на скопските клиники беа донесени 16 пациенти. Според него немале никаков допир со каква било хемикалија, отров или солзавец.

Директорите на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев и на Институтот за судска медицина Алексеј Дума денеска изјавија дека клиничкиот преглед и направените клинички лабораториски и токсиколошки иследувања не покажале индиции за постоење на штетно дејство од хемиска супстанца.

Чибишев нагласи дека при приемот во болницата пациентите се жалеле на субјективни потешкотии како печење на очите, гребење во грлото, вознемиреност и страв, а неколкумина од нив и на отежнато дишење.

– При приемот во болница пациентите се жалеа на субјективни потешкотии, направениот клинички преглед, клиничките и лабораториски иследувања, вклучуавјќи ги и направените токсиколошки иследувања се негативни или во рамки на утврдените референтни вредности, потенцира Чибишев.

На Клиниката за токсикологија во петокот беа хоспитализирани 16 пациенти од кои 10 ученици на возраст од 18 години и шест вработени во гостиварската гимназија од кои најстариот имал 63 години. Сите пациенти биле адекватно прегледани и врз нив се направени одредени клинички лабораториски испитувања, офталмолошки преглед и земен е материјал за токсиколошки иследувања.

По медицинскиот третман поголем дел од нив за кратко време покажале знаци на подобрување и четворица од нив веќе во текот на ноќта инсистирале да ја напуштат Клиниката тврдејќи дека се чувствувале добро, а утредента по направената визита уште четворица од нив инсистирале да ја напуштат болницата, така што до 12 часот напладне Клиниката ја напуштиле сите пациенти.

 МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1