Единаесет деца од Индија на возраст од 14 до 16 години кои учествувале на меѓународен ракометен турнир во Данска исчезнале во саботата вечерта
Децата го напуштиле местото за време на одржувањето на финалниот натпревар во данскиот град Дронинглунд. Тие биле во придружба на пет возрасни лица од раководството на индиската екипа, кои во недела биле испратени до Копенхаген.
Полицијата продолжува со акцијата за пронаоѓање на децата.