Уметницата Марина Абрамовиќ и Улај Лајсипен имале бурна врска, кога биле млади.
Заедно патувале низ целиот свет, доживеале најразлични авантури, додека еден ден не дошол нивниот крај.
Имено, во текот на 70-те Марина и Улај живееле заедно во едно старо комбе, изведувале спонтани перформанси кои им биле единствен извор на приходи. Дури и нивното раскинување било перформанс. Во 1988 година, по заедничката одлука да стават крај на својата врска, тие го избрале Кинескиот ѕид како идеална локација. Тргнале пеш двајцата од различни страни, за да се прегрнат на средината за последен пат.
23 години подоцна, во 2010 година, кога сликарката веќе е позната низ целиот свет, се случува една необична изложба „Уметникот е присутен” одржана во времетраење од 763 часа.
Додека трае изложбата, Марина седи во голема сала и спроти неа седат најразлични непознати луѓе со кои поминува една минута во целосна тишина. Одеднаш, кога ги отвора очите за да го види пред себе следниот патник, се појавува нејзината најголема љубов од младоста. Она што се случува потоа, не може да се опише со зборови…
П